Вардарки со реми кај Јуро Унирек се простија од ЕХФ Европскиот куп

Ракометарките на ЖРК Вардар одиграа борбено реми против холандски Јуро Унирек (26-26) и заработија елиминација од ЕХФ Европскиот куп.

По високиот пораз во Скопје, вардарки покажаа поинакво светло и ја искористија опуштеноста на ривалот за да ги завршат настапите во Европа со нерешен резултат. 

Домаќинот постојано имаше предност во првиот дел. Но, македонскиот претставник успеа да врзе неколку гола во низа и на крај извбори 12-11 на пауза. На половина од второто полувреме, ЖРК Вардар дури и ја презеде предноста на својата страна. Одлучуваа деталите, а со последните два гола македонскиот клуб успеа да се избори за егал на гостувањето во Холандија.

Бојана Диневска постигна шест, а Ивона Трпевска заврши со пет погодоци меѓу „црвено-црните“.