• Саше Љолес

Познати се полуфиналните двојки кои ќе го дадат новиот освојувач на женскиот ракометен Куп на Македонија.
Екипата на ЖРК Вардар ќе се соочи со актуелниот бранител на трофејот, ЖРК Ѓорче Петров, а второто полуфинале ќе го формираат тимовите на ЖРК Чаир и ЖРК Металург Автокоманда.
Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 30 мај, додека големото финале на програмата е закажано за ден подоцна. Завршниот турнир ќе се игра во салата „25 Мај“ во Радовиш