• Зоран Мишевски

Трето коло и трета победа за ракометарките на ЖРК Вардар во разигрувањето за титула во Женската лига. Попладнево колото беше отворено со победа на вардарки против прилепска Деспина со 36-17 (18-7). Дуелот беше целосно нерамноправен, домашната екипа доминираше и лесно ги реши сите дилеми околу победникот, подготвувајќи се за натпреварите со директните конкуренти.
Скопјанки отворија со 8-0, а а гостинските првиот гол го постигна дури во дванаесеттата минута. Иако во централната фаза се стабилизираа ракометарките на Деспина брзо се предадоа и не се трошеа максимално во вториот дел.
Магдалена Тошевска и Сара Миновска со по шест и Бојана Коцевска со пет погодоци беа најефикасни кај ЖРК Вардар, а Марија Николовска постигна четири гола. Елена Гулеска постигна пет гол во поразениот табор на Деспина.
- Комплетниот натпревар меѓу ЖРК Вардар и Деспина:
Попладнево колото ќе биде комплетирано со дуелите Ѓорче Петров - Стружанка, ЖРК Куманово - ЖРК Пелистер и ЖРК Металург - ЖРК Чаир.