Вардарки го започнаа новиот проект со Драгана Ристова на клупата

Синоќа, ЖРК Вардар ги започна подготовките за новата сезона во женската Суперлига. Новиот тренер Драгана Ристова го одржа првиот тренинг во новиот проект. Таа долго години наназад го создаваше овој тим уште од пионерските денови и конечно дојде и заслужената награда и валоризирањето на трудот во изминатите сезони, каде од темел го градеше тимот.

Дури 11 ракометарки недостасуваа поради настапот на ЕХФ Шампионатот во Италија. Покрај Ристова, на тренингот беа присутни и Црвенковска и Царчев. Се очекува тимот да се комплетира на 17.август по враќањето на девојките од Италија.

ЖРК Вардар без својот тренер во последните сезони Симе Симовски ќе се обиде да започне нов проект во кој нема да биде лесно да се бори за националната титула со ЖРК Куманово и ЖРК Металург. 

Новата женска Суперлига ќе започне во септември оваа година.