Вардарецот Мораеш има нов клуб по разделбата со Веспрем

Бразилскиот кружен напаѓач Рожерио Мораеш се раздели со унгарски Веспрем и експресно си пронајде нов клуб.

Мораеш, кој е дел од селекцијата на Бразил која настапува на ЛОИ, ќе ја продолжи кариерата во португалска Бенфика. Пикерот кој има 27 години се раздели со унгарскиот тим поради лични причини, но брзо најде ангажман.

Рожерио Мораеш е поранешен ракометар на Вардар и таму се вивна кон европскиот ракометен крем. Дојде меѓу вардарци како трет избор во Кил, но премногу брзо стана прв играч и учествуваше во двете европски титули.

Бразилецот кој е висок 204 сантиметри покрај за Вардар, Веспрем и Кил, играше уште и за Алтенхолц од Германија.