Вардарецот Марчињак засили нов полски суперлигаш!

Доскрешниот вардарец Марек Марчињак официјално е нов ракометар на полскиот Сланск од Вроцлав, каде веќе беше претставен како големо засилување. 

Марчињак заминува во родната земја по успешната сезона во дресот на „црвено-црните“. Најавен е како искусен ракометар, со добра техника во нападот, но и со силна пожртвуваност во одбраната. 

Сланск Вроцлав е новајлија во елитното полско ракометно друштво, но најавува дека има многу поголеми амбиции од обично учество најсилната Орлен лига на Полска. 

Засилувањето од Македонија беше окарактеризирано како трансфер од ракометен гигант, а Марчињак се очекува да даде значаен придонес во новата средина.