Вардарецот Јања Војводиќ пристигна во романска Баја Маре

Јања Војводиќ, ракометарот кој ги бранеше боите на Вардар, продолжува во Романија каде ќе го носи дресот на Баја Маре.

Српскиот интернационалец пристигнува во Романија и во него гледаат големо засилување, ако се земе предвид искуството кое го стекна во Вардар, тим со кој освои две шампионски титули.

„Среќен сум затоа што станав дел од овој тим. Убеден сум дека во иднина ќе направиме чекор или два понапред и дека ќе имаме многу подобри резултати од изминатите сезони. Сакам добри резултати за клубот и да го радуваме заедно целиот град“, изјави Војводиќ.

Војводиќ потпиша едногодишен договор со романскиот тим, а во својата кариера покрај за Вардар има играно и за Металург, Врбас, Пуенте Хенил, Ал Сад и Сласк.