Вардарецот Дејан Периќ официјално пристигна меѓу „лисиците“

Германскиот клуб Фуксе Берлин доби засилување во стручниот штаб и нов член на тимот е Дејан Периќ, доскорешниот тренер на голмани во македонскиот првак Вардар.

Периќ беше на истек на договорот со Вардар, па управата го ослободи кариерата да ја продолжи во Германија. Во редовите на Фуксе Берлин, српскиот стратег ќе работи со сонародникот Дејан Милосављев кој исто така пристигна од Вардар.

Фуксе Берлин се наоѓа на осмото место во Бундеслигата по седум одиграни средби и заостанува зад другите клубови и бодовно и по бројот на одиграни натпревари во актуелната сезона.