ВИДЕО: Вардарец и двајца пелистерци во идеалниот тим на четвртфиналето на СЕХА

Иднината на сезоната 2022/23 во СЕХА лигата во моментов е непозната. Иако не се целосно комплетирани се четвртфиналните двомечи, не се познати информации за „фајнал-фор“ турнирот кој треба да го одреди новиот шампион. 

Во фазата на осум најдобри, македонските тимови Вардар и Еурофарм Пелистер обезбедија пласман на завршниот турнир, додека покрај нив пласиран е уште Партизан. Челниците на СЕХА лигата ги одредија најдобрите ракометари во оваа фаза на натпреварувањето. 

  • Најдобриот тим во четвртфиналето на СЕХА:

Голман: 
Андреј Трнавац (Партизан)

Крила: 
Јан Чувара (Вардар 1961), Ненад Костески (Еурофарм Пелистер)

Бекови: 
Себастијан Хенеберг (Еурофарм Пелистер), Никола Ивановиќ (Татран Прешов), Вељко Поповиќ (Партизан)

Кружен напаѓач: 
Вјалеслав Касаткин (Татран Прешов)

Досега не е одигран двомечот меѓу Нексе Нашице и ППД Загреб, нема индиции кога хрватското дерби би можело да биде на програмата, а со тоа нема информации ниту за битката за трофејот.