Вардарци во следна фаза со два бода, следат Мелсунген и Бенфика!

Ракометарите на Вардар 1961 со петта победа ја завршија групната фаза во Европската лига на ЕХФ, откако дома го победија Тулуз (37-35).

Сè беше јасно за „црвено-црните“ и пред мечот, а се реши и последната дилема. Во главната фаза вардарци одат со два бода откако Кристијанштад го победи Сесвете во драматичен финиш (28-27).

Така Швеѓаните заедно со двократниот европски првак од Скопје одат во следната фаза со по два освоени бода. 

Таму Вардар и Кристијанштад ќе вкрстат со Мелсунген и Бенфика. Во новоформираната група се чека да биде познато колку бода ќе пренесат Португалците и Германците, затоа што имаат меѓусебна средба.