• Иван Димовски

Ракометниот клуб Вардар 1961 на последниот дел од првата фаза на Суперлигата ќе ја дочека Струга.
За овој натпревар вардарци решија да одиграат во црна гарнитура на дресови во чест на загинатите во пожарот кој минатиот викенд се случи во Кочани. Исто така средбата ќе тргне со минута молк за настраданите во трагедијата.
Од Вардар открија дека мечот ќе се одигра во малата сала при СЦ „Јане Сандански“, а влезот ќе биде слободен за сите навивачи.
Ова е прво коло во Суперлигата по трагедијата во Кочани, бидејќи тогаш во тек беше репрезентативната пауза.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961