• Иван Димовски

Ракометарите на Вардар 1961 ќе се судрат со Тулуз во рамките на последното коло од групната фаза на Европската лига на ЕХФ во СЦ „Јане Сандански“ во 18:45 часот.
„Црвено-црните“ веќе се сигурни патници во следната фаза, меѓутоа со сигурност посакуваат петта победа за одржување на добриот ритам. Вардарци треба да го заверат првото место во групата, додека ривалот од Франција е без бодови и со сигурност ќе сака да избегне крај на европската авантура со „нула“ на контото. Сепак, Вардар важи за фаворит, а се очекува тренерот Иван Чупиќ шанса да им даде на сите ракометари. Тој веќе ги одбра шеснаесетте на кои ќе смета, иако немаше многу дилеми бидејќи останатите во ростерот се повредени.
- Состави за натпреварот:
Освен што треба да го победи Тулуз за заверка на првото место, Вардар ќе мора да гледа и кон Шведска. Таму Сесвете со победа над Кристијанштад би се пласирале на второто место, а тоа му одговара на македонскиот тим.
Причината е едноставна, во главната фаза би пренеле четири бода, наместо два како што ќе биде случај ако Кристијанштад остане непоразен.



