• Горан Упале

Македонскиот ракометен колектив Вардар 1961 в среда ќе закажа подготовките за новата натпреварувачка сезона. Стартот на подготовките е закажан за во среда од 18:00 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Според планот на стручниот штаб тимот десет дена ќе се работи во салата „Јане Сандански“. Потоа се заминува на планина, во Маврово каде ќе се одвива вториот дел од подготовките. Подготовките во Маврово ќе бидат одработени во периодот од 26 јули до 3 август, по што екипата се враќа во Скопје.
Досега е сигурно дека Вардар ќе учествува на два турнири, во Струга од 14 до 7 август, и во Охрид од 20 до 24 август.