Вардарци немаа пораз четири месеци, па паднаа пред германски второлигаш

Ракометарите на Вардар ја одиграа првата од трите контролни средби во Германија. Европскиот првак загуби од екипата која испадна од Бундеслигата, поранешниот клуб на Ацо Јоновски, Бергишер со 25-27 (17-14). Овој пораз за екипата на Раул е прв по 2 април, кога вардарци загубија од Металург. 

Тренерот Раул Гонзалез на средбата им даде шанса да играат на сите 20 ракометари, а во второто полувреме повеќе време на голот мина Даниел Ѓорѓески. Тимур Дибиров постигна 8 гола, Вуко Борозан беше автор на 5, а Игор Карачиќ додаде 3 гола.

Утре вардарци ќе се соочат со тимот на Рајн Некар Левен.