ВИДЕО: Вардарци лути на судиите – Мешков цела вечност држеше топка во последниот напад!

Македонскиот ракометен шампион Вардар со пораз ја отвори новата сезона во ракометната елита во Европа. На гостувањето во Брест, „црвено-црните“ одиграа квалитетно и со срце, но недоволно за победа над белорускиот шампион Мешков (24-22).

Кога беше најпотребно, момците на Алушовски како да загубија здив, но се чини дека и судиите им свртеа грб. Откако при 23-22 за Мешков, не беше досуден фаул врз Стоилов, домашните ракометари како цела вечноста да ја држеа топка во своите раце, а судиите и покрај протестите на вардарци, останаа неми и не досудија пасивен напад.

  • Последниот напад на Мешков против Вардар: 

Токму стрелецот на последниот гол за Мешков, Паниќ беше најпрецизен во редовите на домашниот тим (шест гола), а исто толку постигна и искусниот Вујин од Вардар.