ВИДЕО: Вардарци „летаат“ во Манхајм - атрактивен цепелин на Карачиќ и Кристопанс

Вардар многу комотно се чувствува во Германија и игра прво полувреме како по ноти. Резултат на тоа е водството, но и начинот на игра на избраниците на Роберто Гарсија Парондо.

Најубавиот момент во првиот дел е „цепелинот“ на Карачиќ и Кристопанс за 7-12 во 18. минута.

Овој гол предизвика молк на трибините и веќе втор тајм-аут за данскиот тренер на клупата на Рајн Некар Левен, Николај Јакобсен.