Вардарци ќе ги започнат подготовките за новата сезона на 24 јули

Првата прозивка во пресрет на новата сезона, тренерот на Вардар, Давид Писонеро, ќе ја направи на 24 јули.

Актуелниот македонски и европски првак ќе тренира во Скопје до 2 август, кога ќе се замине на турнир во Требиње, БиХ. Таму „црвено-црните“ ќе продолжат со подготовки и ќе настапат на турнир на кој ќе играат заедно со Борац Бања Лука, Леотар, Металопластика, Бутан и Извиѓач.

По враќањето од БиХ ќе се работи во Скопје се до заминување за Саудиска Арабија на Супер Глоуб. Таму Вардар ќе настапи во периодот од 27 до 31 август. На Супер Глоуб покрај Вардар ќе играат и: Ал Вехда (С.Арабија), Барселона (актуелен првак), Заламек (Египет), Сиднеј (Австралија), Таубате (Бразил), Њу Јорк (САД), Ал Мудхар (С.Арабија), Кил (Германија).

Вардар во следната сезона ќе брани четири титули и ќе се обиде да го повтори успехот од минатата година.