Вардарци имаат нов капитен - голманот Васил Гогов!

Македонскиот ракометен шампион, Вардар 1961, во новата сезона ќе има нов капитен - голманот Васил Гогов.

Гогов долго време е верен на клубот, растеше со Вардар, се бореше за овој дрес и секогаш беше дел од црвено-црната приказна, а сега добива нова и одговорна улога - да биде лидер на тимот на теренот и надвор од него.

Капитенската лента е чест, но и обврска. Таа носи одговорност, карактер и пример за сите во соблекувалната. Во Вардар сметаат дека Васил Гогов е вистинскиот избор и се надеваат дека ќе ја носи лентата со гопема одговорност. 

Негов заменик-капитен во новата сезона ќе биде Јака Малус, еден од најискусните играчи во тимот и важен дел од играта на РК Вардар.