Вардарци го дознаа „возниот ред“: Ќе започнат и ќе завршат на домашен терен

Денес во Виена во седиштето на ЕХФ беа формирани групите за новата сезона во Лигата на Европа. Ракометарите на Вардар 1961 ќе бидат во групата Ф со Кристијанштад од Норвешка, Феникс Тулуз од Франција и победникот од двомечот меѓу хрватските состави Дуго Село и Сесвете.

Ако нема измени заради ТВ правата на одредени земји, вардарци ќе започнат и ќе завршат во групната фаза со домашни натпревари.

Европска лига
Група Ф
Распоред на натпревари:

14 октомври.2025 - Вардар 1961 – Дуго село/Сесвете
21 октомври 2025 - Тулуз – Вардар 1961
11 ноември.2025 - Вардар 1961 – Кристијанстад
18 ноември 2025 - Кристјанстад – Вардар 1961
25 ноември 2025 - Дуго Село/Сесвете – Вардар 1961
02 декември2025 - Вардар 1961 – Тулуз

Двете најдобри екипи од секоја група ќе играат директно во осминафиналето, а третопласираната екипа ќе разигрува бараж-двомеч во февруари 2026 година.