ФОТО: Вардарци доминираат во СЕХА „дрим-тимот“ на Бојсен

Ракометната јавност веќе се навикна на анализите на данскиот ракометар Расмус Бојсен. 29-годишниот член на Елверум сега направи најдобар тим од играчи кои настапиле во СЕХА лигата во последните девет години.

Очекувано, во „дрим-тимот“ најмногу членови има Вардар, кој е рекордер по бројот на освоени титули (5). На голот е Арпад Штербик, левата крилна позиција му припадна на Тимур Дибиров, на линијата од шест метри неприкосновен е Стојанче Стоилов, а десен бек е Даинис Кристопанс.

Идеалната екипа го вклучува и Илија Абутовиќ, а тренер е Раул Гонзалез. Златко Хорват (десно крило), Оливер Рабек (лев бек) и Мате Лекаи (среден бек) се единствените имиња кои никогаш не го носеле дресот на македонскиот гигант.

Ако се земе предвид доминацијата на „црвено-црните“, не се очекуваше поинаков избор на данскиот интернационалец...