Вардар запиша петти највисок пораз на домашен терен во својата историја во ЛШ

Ракометарите на Вардар 1961 запишаа неочекувано висок пораз на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“. 

Ниту навивачите не помогнаа тимот на Веселин Вујовиќ да го победи Монпелје. Гостите од Франција одиграа сигурно во текот на целиот натпревар и на крај заслужено се израдуваа на бодовите. Ова е петти пат во историјата македонскиот гигант да губи со пет или повеќе разлика пред своите навивачи. 

  • Вардар - Монпелје 25-31 (2021/22)
  • Вардар - Веспрем 27-41 (2020/21)
  • Вардар - Кил 20-31 (2019/20)
  • Вардар - Веспрем 29-38 (2019/20)
  • Вардар - Металург 18-26 (2013/14)

За „црвено-црните“ ова е прв неуспех во Лигата на шампионите оваа сезона. Претходно имаа едно реми и две победи на домашен терен.

Следен предизвик за Вардар е тешкото гостување во Данска кај Алборг.