Вардар загуби од Војводина и „избега“ од Веспрем во СЕХА

Македонскиот ракометен првак Вардар доживеа пораз кај Војводина (33-24) во рамки на последното коло од групната фаза во СЕХА-лигата и во елиминациската фаза ќе избегне соочување со фаворитот за круната Веспрем.

  • Извештај од натпреварот: 

Стефче Алушовски можеше да ги види помладите играчи на гостувањето во Нови Сад со оглед на отсуството на единаесет стандардни ракометари, а Вардар беше немоќен против домашниот тим, со исклучок на воведните дваесетина минути од натпреварот кога гледавме еден егал-дуел. Ова е втор пораз за Вардар во историјата против Војводина, или прв по оној во 2014 година на домашен терен исто така во СЕХА.

Поради репрезентативните обврски на повеќето првотимци, Вардар видно ослабен отпатува за Војводина, со само неколку ракометари од првиот состав и кадети кои за првпат ја почувствуваа СЕХА атмосферата. Дибиров, Дисингер, Јотиќ, Калараш, Векиќ и Јагуриновски беа вардарците кои го понесоа товарот на овој натпревар, кој започна со борбена игра на двете страни и неколку промени на водството. 

Македонскиот шампион подобро го отвори мечот, откако врската Јотиќ-Калараш одлично функционираше, а на висината на задачата беа и Јагуриновски и Дибиров, но Војводина е дозволи вардаровата серија да трае долго и ги презеде работите во свои раце. Во продолжение, Арсениќ беше фантастичен на голот, а во нападот перфектни беа Томиќ и Раденовиќ, па српскиот шампион фати ритам и почна да ја полни мрежата на Кантрегрел. 

Последен пат резултатот беше израмнет во 18. минута, кога на семафорот стоеше 9-9, по што домаќинот направи серија од 7-1 и на полувреме замина со сигурна позитива од шест гола (16-10). Во второто полувреме ништо не се промени, Војводина беше тимот што диктираше темпо на игра, па дојде до убедлива победа. Во еден момент, домашниот тим водеше и со единаесет гола.

  • Потег на натпреварот: 

Најдобар кај Вардар беше Дибиров со девет гола, пред Калараш со седум и Јотиќ со четири, додека кај Војводина, Томиќ постигна седум гола, Шотиќ даде шест, а голманот Арсениќ беше феноменален и запиша 18 одбрани. 

  • Играч на натпреварот: 

Првата средба на Вардар во нокаут-рундата, односно осминафиналето, ќе му биде најверојатно против Металопластика, а потоа со победникот од групата А и тоа најверојатно ќе биде тимот на ППД Загреб.