Вардар за 150 денари пушти екстра-билети за дербито со Киелце

Европскиот ракометен првак Вардар соопшти дека во продажба се пуштени екстра-билети за дуелот против Киелце во ракометната Лига на шампиони, поради голем интерес од страна на љубителите на ракометот.

„Црвено-црните“ ќе имаат полна поддршка, а за салата да биде комплетно полна, пуштени се дополнителен број на билети за најинтересниот меч на колото во ЛШ.

„Поради големиот интерес за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Киелце пуштен е дополнителен контингент на билети за истиот натпревар. Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански" пуштени во продажба се ДОПОЛНИТЕЛНИ билети.

Истите се за секторот СТОЕЊЕ.

https://sales.ticketplus.mk/OnlineSale/?id=456

Цената на билетите е 150 денари“, велат од Вардар.

Натпреварот меѓу Вардар и Киелце е закажан за в сабота, 9 ноември во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански".

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 9 6 2 1 281:250 31 14
2 МонпелјеМонпелје 8 5 1 2 223:214 9 11
3 ВеспремВеспрем 8 5 0 3 267:235 32 10
4 КиелцеКиелце 8 4 2 2 248:231 17 10
5 ВардарВардар 8 4 1 3 235:252 -17 9
6 ПортоПорто 8 3 2 3 230:240 -10 8
7 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 9 0 2 7 264:294 -30 2
8 Мешков БрестМешков Брест 1 8 1 0 7 219:251 -32 2