• Мартин Танасковски

Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва го игра претпоследниот дуел од групната фаза во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ гостуваат во Шведска, каде се соочуваат со Кристијанштад, тим против кого имаат позитивна традиција.
Двата тима досега се имаат сретнато седум пати, а Вардар на ниеден меч не знае за неуспех и има победено на сите. Натпреварот со Кристијанштад е од голема важност за вардарци, затоа што со евентуален успех, ќе се осигура третото место во групната фаза пред ждрепката за осминафиналето, а истовремено, тимот ќе може да се надева и на второто место, при евентуален кикс на Веспрем.
Роберто Гарсија Парондо ќе може да смета на сите ракометари на оваа средба, со исклучок на Вуко Борозан. Црногорскиот „бомбардер“ играше против Веспрем во Скопје, но повторно почувствува болки во ногата и превентивно остана во Скопје.
Натпреварот меѓу Кристијанштад и Вардар се игра со почеток од 19:00 часот