Вардар во престижно друштво: Меѓу најтрофејните „домашни“ во Европа!

Европските сезони во ракометот ќе започнат наскоро, а како увертира на нив, статистичарите направија анализа и одбраа престижно друштво, кои екипи од шампионатите се најтрофејни на домашната сцена.

Меѓу нив имаше место и за македонскиот првак Вардар 1961. Кога ќе се соберат трофеите на црвено-црните во Суперлигата, Купот на Македонија и Суперкупот на Македонија, клубот во европските лиги се наоѓа на 13-тото место со вкупно 38 освоени трофеи.

Лидер на листата е Барселона која има 108 трофеи, пред Загреб со 74, па следи унгарски Веспрем со 65 трофеи.

  • Листа на најтрофјени екипи на домашните сцени:

1. Барселона (Шпанија) - 108 трофеи
2. Загреб (Хрватска) - 74 трофеи
3. Веспрем (Унгарија) - 65 трофеи
4. Целје (Словенија) - 58 трофеи
5. Спортинг (Португалија) - 50 трофеи
6. Кил (Германија) - 49 трофеи
7. Татран Прешов (Словачка) - 49 трофеи
8. Валур (Исланд) - 49 трофеи
9. Монпелје (Франција) - 43 трофеи
10. Кадетен Шафхаузен (Швајцарија) - 42 трофеи
11. Киелце (Полска) - 40 трофеи
12. Динамо Букурешт (Романија) - 40 трофеи
13. Вардар 1961 (Македонија) - 38 трофеи
14. Дукла Прага (Чешка) - 37 трофеи
15. Мотор (Украина) - 36 трофеи
16. Партизан/Војводина (Србија) - 29 трофеи
17. Хамарби (Шведска) - 26 трофеи
18. Колдинг (Данска) - 24 трофеи
19. Елверум (Норвешка) - 24 трофеи
20. Алпла Хард (Австрија) - 18 трофеи