Вардар во Охрид ја пронајде замената за Ларс Коиј!

Откако пред неколку месеци холандскиот репрезентативец Ларс Коиј најави дека нема да го продолжи договорот со Вардар 1961, македонскиот вицешампион е во потрага по кружен напаѓач за следната сезона. Добрите настапи за Вардар 1961 и репрезентацијата на Холандија на изминатото Светско првенство му донесоа трансфер на Коиј за бундеслигашот Бергишер

Негова замена ќе биде искусниот српски кружен напаѓач, Живан Пешиќ, дознава Gol.mk. Станува збор за искусен кружен напаѓач кој сезонава настапува за екипата на Охрид. 33-годишникот се очекува да биде огромно засилување за вардарци на линијата од шест метри. 

Во своето портфолио повремениот српски репрезентативец има многу клубови. Стартот на кариерата му беше во унгарски Веспрем, каде дојде како млад играч во 2010 година. Во унгарскиот гигант Пешиќ се задржа до 2014 година, а таа сезона беше позајмен во Ѓер. Потоа настапуваше за Целје, Партизан, Војводина, Адемар Леон, Нексе Нашице, Хапоел Ришон, Војводина и Охрид.

Пешиќ ќе биде прво ново име во македонскиот најтрофеен клуб за сезоната 2025/26.