Сите „оружја“ на располагање: Вардар во најсилен состав против Барса

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар е подготвен за мечот против Барселона во Лигата на шампионите кој се игра од 17:00 часот.

Роберто Парондо веќе го објави составот за мечот, а тимот ќе може да располага на сите ракометари. Нема повредени играчи, а во стројот се враќа Вуко Борозан кој беше суспендиран, што значи дека „црвено-црните“ ќе ѝ се спротистават на Барселона во најсилен тим.

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ кој од страна на ЕХФ е прогласен за „меч на неделата“ ќе го суди судиска двојка од Португалија - Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека.

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 10 9 0 1 351:283 68 18
2 ВардарВардар 1 10 6 1 3 284:277 7 13
3 Рајн Некар ЛевенРајн Некар Левен 1 10 6 0 4 312:294 18 12
4 ВеспремВеспрем 1 10 6 0 4 288:274 14 12
5 КиелцеКиелце 3 10 6 0 4 314:303 11 12
6 Мешков БрестМешков Брест 10 2 1 7 277:315 -38 5
7 КристијанштадКристијанштад 10 2 1 7 284:334 -50 5
8 МонпелјеМонпелје 10 1 1 8 265:295 -30 3