Вардар во Касел како дома: Еден сектор „Комити“ погласен од цела сала! (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар 1961 му гостуваат на Мелсунген во натпреварот од последното коло на главната фаза во Европската лига на ЕХФ. 

Согласно договорот на двата клуба, Вардар доби цел сектор за навивачи и според неофицијалните информации има преку 300 навивачи во салата „Ротенбах Хале“ во Касел. Навивачката група „Комити“ со поддршка од дијаспората им покажа вистинска спортска атмосфера на Германците, бидејќи еден сектор е погласен од германската сала која не е ниту исполнета. 

Добрите резултати и позитивниот моментум одново ја враќаат еуфоријата околу двократниот европски првак.