• Саше Љолес

Ракометарите на Вардар 1961 потешко од очекуваното го срушија отпорот на Пролет 62 и славеа со конечни 28-25 во натпреварот од шестото коло во македонската Суперлига.
- Комплетниот натпревар помеѓу Вардар 1961 и Пролет 62:
Гостинскиот тим прикажа одлична игра во првите триесет минути и не му дозволи на фаворитот бргу да се одлепи, а на паузата имаше негатива од само еден гол (16-15).
Второто полувреме донесе пожесток пристап на вардарци, но ривалот беше срушен дури во последните десетина минути. Избраниците на Владо Недановски најпрво поведоа со 25-22 во 53. минута, а на крајот заслужено славеа со конечни 28-25.
Најефикасни во победничкиот тим беа Милан Лазаревски и Марко Срдановиќ со по седум гола, а ист учинок кај гостите имаше Андреј Стојановски. Вардар 1961 ја забележа петтата победа сезонава, додека Пролет 62 останува на само еден триумф досега.











