Вардар со висока предност во Нови Сад, цели кон завршицата на СЕХА

Ракометарите на Вардар 1961 отпатуваа кај Војводина со позитива од седум гола од првиот натпревар во четвртфиналето на СЕХА лигата. „Црвено-црните“ го искористија фактот дека српскиот тим во Скопје дојде со комбиниран состав и си изградија солидна предност пред реваншот. 

Ситуацијата во Вардар е добра, во тимот нема да се најдат само искусните Борко Ристовски, Стојанче Стоилов и подолго повредениот Дарко Ѓукиќ, додека Недановски најави дека сите останати ќе добијат минутажа. За разлика од првиот натпревар, Војводина овојпат имаше два дена за одмор, исто колку и Вардар, бидејќи двата тима победија во саботата во првенствата. 

Нема сомнеж дека српскиот тим ќе пружи поголем отпор и ќе се обиде да го изненади Вардар, меѓутоа со добар баланс и сигурна игра, избраниците на Недановски треба да го потврдат пласманот во следната рунда. Досега низ историјата Војводина само двапати го совлада македонскиот првак во 15 меѓусебни дуели, сите во СЕХА лигата, но многу работе се променети. 

Натпреварот меѓу Војводина и Вардар е закажан за денес во терминот од 16:30 часот.