
На полувремето од дуелот во Лигата на шампионите меѓу Вардар и Кристијанштад, капитенот на „црвено-црниот“ тим, Стојанче Стоилов, му подари дрес на младиот пливач-херој Марко Пејчиноски, а публиката бурно го поздрави неговиот подвиг.
12-годишниот Пејчиноски направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа во еден здив успеа да го преплива Охридското Езеро.
Тој со само 12 години успеа да испише нова страница во историјата на македонското маратонско пливање.

