Вардар со Гаџа против Елверум, ќе фалат Ристовски и Крстевски

Македонскиот ракометен првак Вардар ги продолжува настапите во Лигата на шампионите, а последен противник во групната фаза ќе биде норвешки Елверум.

На натпреварот против норвшекиот првак, тренерот Давид Дејвис Камара ќе го има главниот среден бек Анте Гаџа кој се враќа по неколку натпревари пауза поради повреда.

Во ростерот ќе ги нема голманот Борко Ристовски и Стефан Крстевски. Вардар е веќе во следната фаза, во нокаут-рундата го чека двомеч со норвешки Елверум и овој меч е без резултатско значење.

Вардар и Елверум ќе се судрат во СЦ „Јане Сандански“ од 20:45 часот.