Вардар доминира во најдобриот тим на осминафиналето на СЕХА

Вардар лесно ја мина Металопластика во осминафиналето на СЕХА лигата, со две победи во Скопје. Искуството си го направи своето и „црвено-црните“ стигнаа до следната рунда и покрај отпорот кој го пружи ривалот. 

Признание за добрите партии на Вардар пристигнаа со изборот на најдобриот тим за осминафиналето. Во него се најдоа дури четири ракометари на скопскиот тим. Меѓу стативите со 16 одбрани на вториот меч се истакна Марко Кизиќ, додека Тимур Дибиров и Иван Чупиќ беа неприкосновени на крилата, а во тимот се најде и Ловро Јотиќ. 

  • Најдобриот тим на осминафиналето во СЕХА: 

Голман: Марко Кизиќ;
Бекови: Ловро Јотиќ, Оливер Рабек и Гиљерме Линарес (Татран Прешов)
Крила: Тимур Дибиров, Иван Чупиќ;
Кружен напаѓач: Лука Роган (Војводина). 

Завршницата на ова натпреварување ќе се одигра на стартот од следната сезона, а во него Вардар ќе влезе со изменет состав. Покрај „црвено-црните“ кои за ривал ќе го имаат ППД Загреб, во четвртфиналето на СЕХА лигата ќе игра и Еурофарм Пелистер против Мешков Брест