• Горан Упале

Лидерот во ракометната Суперлига, Вардар 1961 вечерва е пред (не)возможна мисија, во битката за пласман на завршниот турнир во Европската лига на ЕХФ.
Вардарци мораат да анулираат негатива од десет разлика против Монпелје, откако загубија убедливо во првата четвртфиналната пресметка во Франција. Сепак, сега тренерот Иван Чупиќ ќе може да го постави тимот како што посакува, затоа што во стројот се враќаат двајцата клучни ракометари - Дмитро Горига и Јака Малус. На спротивната страна францускиот тим ќе настапи со истиот состав.
Натпреварот во „Јане Сандански“ се игра вечерва, со почеток од 20:45 часот.






