• Мартин Танасковски

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 пред првото суперлигашко дерби во новата сезона со Еурофарм Пелистер имаше посебен момент за двајцата поранешни играчи, а сегашни функционери, Столе Стоилов и Борко Ристовски.
Столе Стоилов сега ја има улогата на помошник-тренер, додека Борко Ристовски е директор на клубот. Пред мечот со битолчани, двајцата добија благодарам од Вардар за се што направија за екипата како играчи. Подароците ги врачи почесниот претседател Михајло Михајловски.
Ристовски и Стоилов, инаку и поранешни македонски репрезентативци, заминаа во ракометна пензија по крајот на ланската сезона.