• Мартин Танасковски

Екипата на Вардар 1961 продолжи со одличната серија на домашната сцена. Црвено-црните во Скопје ја забележаа дванаесеттата победа во низа во македонскиот шампионат, совладувајќи ја Струга со резултат 36-21 (полувреме 16-9).
- Комплетниот натпревар меѓу Вардар 1961 и Струга:
Иако Иван Чупиќ го ротираше составот, испробуваше тактички варијанти и им даде поштеда на повеќе од носителите на играта кои го понесоа товарот на претходните средби, сепак, победата ниту еднаш не беше дилема. Во СЦ „Јане Сандански“, домаќинот имаше контрола и доминација од почетокот па се до крајот. На полувремето, Вардар имаше предност од седум гола.
Јапонецот Харуки Кавада беше најефикасен со шест гола, а Марио Танкоски постигна пет погодоци за Варадр 1961. Кај Струга поранешниот варадрец Стефан Атанасовски постигна четири гола.
Вардар е единствен со максимален учинок на домашната сцена.
ФОТО: РК Вардар 1961


