Вардар сепак ќе игра меѓународни натпревари, останува во битката за СЕХА трофејот

Македонскиот ракометен шампион Вардар, на изненадување на ракометната јавност, пред неколку дена беше исфрлен од натпреварувањата на Европската ракометна федерација (ЕХФ), но „црвено-црните“ во новата сезона сепак ќе играат меѓународни натпревари.

Првиот човек на клубот, Михајло Михајовски, потврди дека Вардар во следната сезона ќе се бори за трофејот во СЕХА лигата. Веројатно скопскиот клуб „зелено-светло“ за учество на македонскиот шампион во регионалното натпреварување, кое што според најавите ќе започне во август, а веќе е и закажан „фајнал-фор“ во Задар.

Вардар по големиот удар кој му го зададе ЕХФ, ќе претрпе многу промени во играчкиот кадар, а ќе остане и без тренерот Давид Дејвис. Во Скопје нема да пристигнат најавените засилувања од странство, но Михајловски и капитенот Стојанче Стоилов потврдија дека клубот во следниот период интезивно ќе работи на креирање на својот ростер за следната сезона.

Предводник на тимот во новата сезона ќе биде Владо Недановски.