Вардар сега има повеќе домашни титули од Металург и Пелистер – заедно!

Македонскиот ракометен бренд Вардар ја збогати ризницата со трофеи откако во првенството го совлада Еурофарм Работник и ја одбрани круната во мак-ракометот, а на листата на шампионите, „црвено-црните“ се неприкосновени.

За Вардар, ова беше 13. титула во историјата. Тимот кој е доминантен во мак-ракометот во изминатите години сега има повеќе титули од Металург и Пелистер – заедно. Тимот од Автокоманда и битолските „зелени“ имаат по шест титули, или заедно, вкупно дванаесет.

На листата на шампиони на Македонија, се наоѓаат уште и Борец (1994/95) и РК Преспа Јафа Промет (1996/97).

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 8 0 2 324:284 40 24
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 10 8 0 2 327:259 68 24
3 МеталургМеталург 10 6 0 4 307:303 4 18
4 ПелистерПелистер 10 3 0 7 285:306 -21 9
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 10 3 0 7 271:293 -22 9
6 Пролет 62Пролет 62 10 2 0 8 250:319 -69 6