Вардар се засили со млад десен бек од Голден Арт

Македонскиот ракометен суперлигаш Вардар 1961 во пресрет на првиот натпревар на 52 издание на Струшкиот турнир се пофали со нов ракометар.

Младиот и талентиран десен бек Кристијан Стаменковиќ  е нов член на најтрофејниот ракометен колектив во Македонија. Тој потпиша четиригодишен договор со „црвено-црните“ и ќе дебитира за уште на турнирот во Струга

Стаменковиќ настапуваше за екипата на Голден Арт, а во 2023 година беше избран за МВП на Ф4 турнирот во младинска конкуренција.

Во Вардар 1961 ќе има шанса за напредок во кариерата и за докажување на домашна, но и на меѓународна сцена.