Вардар сака две нови засилувања, ама сè ќе зависи од иднината

Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски, не сакаше да ја коментира моменталната ситуација во Вардар и беспарицата која владее во клубот. Новиот предводник на „црвено-црните“ истакна дека сите ја знаат состојбата и дека е тешко, но потенцира дека никој не се предава предвреме.

„Не би сакал да ја коментирам целата ситуација сега, по победата над Мотор, на оваа прес-конференција. Ситуацијата е иста како и претходно, она што го говоревме на пресот пред натпреварот е реалната ситуација. Исто е, ништо не се променило.

Се надевам дека никој повеќе нема да нè напушти. Им кажав на играчите дека нема да можам многу да ги ротирам. Но, чекаме да видиме што ќе биде понатаму. Сакам двајца нови играчи во тимот, ама сè ќе зависи од иднината“, изјави предводникот на европскиот првак.

Вардар е сигурен во нокаут-рундата, а прашање е од која позиција ќе оди во осминафиналето. До крајот на Лигата на шампионите има две кола, против Порто на гости и против Монпелје на домашен терен.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4