Вардар против Манасков, Лазаров на Киелце, лесен ривал за Барса во ЛШ

Групната фаза на ракометната Лига на шампиони заврши, многу одложени натпревари, службени победи и измени беа аките на ЕХФ оваа есен и зима поради корона-кризата. Македонскиот претставник Вардар настапуваше во групата А, заврши седми, но поради промените во системот македонскиот претставник ќе игра во нокаут сегментот. 

Стандардно, следи вкрстување на двете групи, првиот со осмиот, вториот со третиот и така натаму, а Вардар дефинитивно немаше среќа и за противник го доби Веспрем. Унгарскиот ривал е добро познат за вардарци, па двомечот ќе биде интересен. Меѓу дуелите кои привлекуваат најголемо внимание се издвојува пресметката на Киелце и Нант, како и Кил со ПИК Сегед. Лазаров ќе има тешка мисија против поранешниот тренер Душебаев, а Митревски си Порто ќе се обиде да застане на патот на дански Алборг.

  • Осминафинални парови во ЛШ: 

Флензбург - ППД Загреб
ПСЖ - Целје
Киелце - Нант
Мешков Брест - Мотор
Порто - Алборг
ПИК Сегед - Кил
Вардар - Веспрем
Елверум - Барселона 

Иако според првичните планови, првопласираните тимови добиваа одмор и ги прескокнуваа дуелите од осминафиналето, оваа година нема да биде така и најдобрите тимови во двете групи ќе играат со најлошите во спротивната.