Вардар против стар познаник од ЛШ во групата во Европската лига

Поранешниот македонски ракометен шампион, Вардар 1961, по неколку години пауза се враќа во групна фаза на едно натпреварување на ЕХФ. „Црвено-црните“ во новата сезона ќе бидат дел од Европската лига, а денес ги дознаа ривалите во својата група. 

Вардар 1961, ждрепката во Виена ја пречека од вториот шешир и за противник од првиот шешир го доби тимот на Порто, против кој своевремено водеше големи битки во Лигата на шампионите. Во Скопје ќе гостува и победникот од квалификацискиот двомеч меѓу Мелсунген и Елверум, додека последен тим кој ќе се натпреварува во групата Ф ќе биде подобриот од двомечот меѓу Валур и Винковци.

Група Ф: Порто, ВАРДАР, Мелсунген или Елверум, Валур или Винковци

  • Групите во Европската лига:

Првите две екипи од секоја група патуваат во следната фаза. Квалификациското коло во Европската лига ќе се игра на крајот на август и почетокот на септември.

Вардарци и минатата сезона беа дел од Европската лига, но тогаш не успеаја да ги минат квалификациите и беа елиминирани од германскиот гигант Рајн Некар Левен

Покрај Вардар 1961, на европската ракометна сцена во новата сезона ќе се претстават уште и Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, додека во ЕХФ Купот ќе настапат Тиквеш, Охрид и Алкалоид.