Вардар против Ал Вехда ќе се бори за бронзата на Супер Глоуб

Европскиот и македонски ракометен првак Вардар го доби ривалот во мечот за третото место на Супер Глоуб турнирот, а тоа е саудиска Ал Вехда, која немаше шанси да направи изненадување против Барселона (24-33).

Каталонскиот тим имаше проблеми само во првото полувреме, губеше со три гола (16-13), а со фантастични втори 30 минути го запиша посакуваниот триумф. Во 40. минута, Барселона водеше со два гола, а потоа додаде „гас“, се одлепи на пет гола и константно ја држеше високата разлика на својата страна.

Одличен кај победникот беше Лука Циндриќ со седум гола од седум обида, Арино даде шест, а Томас заврши со пет гола, додека кај Ал Вехда, Зејнелабедин даде девет, а Алсалем заврши со пет погодока.

Натпреварот за третото место во Саудиска Арабија се игра в сабота од 13:30 часот, додека големото финале меѓу Барселона и Кил на програмата е од 16:20 часот.