• Сашо Поповски
Спортските весници во Унгарија пренесуваат дека шпанскиот репрезентативец и член на Вардар, Хорхе Македа размислува да ја одбие понудата на Рајн Некар Левен, за да се пресели во екипата на ПИК Сегед.
Шпекулациите околу трансферот на Шпанецот надвор од Македонија започнаа пред неколку месеци, а во унгарсиот прволигаш би требало да пристигне како замена за Денис Бунтиќ на десната бековска позиција.
Како одговор, од ПИК Сегед во Вардар би можел да пристигне Сергеј Горбок, рускиот ракометар, кој пред две сезони го носеше „црвено-црниот“ дрес на европскиот шампион.
Вардарци на крајот од оваа сезона ќе останат без неколку клучни имиња како Лука Циндриќ, Арпад Штербик, Мијајло Марсениќ и Илија Абутовиќ. Исто така, тренерот Раул Гонзалез ќе се пресели во ПСЖ, а добра вест е потписот на нов договор со Вуко Борозан.