Вардар повторно е во фокусот на ЕХФ, против ПИК Сегед ќе го игра „Мечот на неделата во ЛШ“

Македонскиот ракометен шампион Вардар веќе е на пат за Унгарија, каде го чека уште една голема битка со стариот познаник ПИК Сегед. 

Момците на Стевче Алушовски мораат да дадат повеќе од максимум доколку сакаат да му се реваншираат на противникот за болниот пораз од пред неколку дена, а токму ова дерби ќе биде во фокусот на ЕХФ и е избран за „Меч на неделата во Лигата на шампионите“. 

Пред три дена унгарскиот тим за првпат успеа да го најде лекот за победа над Вардар среде Скопје, а на последните пет меѓусебни натпревари славел уште еднаш, со два порази и едно реми. 

Мечот меѓу ПИК Сегед и Вардар се игра утре со почеток од 18:45 часот.