Вардар потврди: Калараш се врати и ќе потпише на две години

Најавите од Русија добија потврда и деновиве Глеб Калараш ќе се врати во Вардар и ќе потпише нов двегодишен договор со европскиот првак. Мотор Запорожје не ги задоволуваше потребите на кружниот напаѓач и тој си замина уште пред да започне сезоната во Украина и во СЕХА лигата. 

„Согласноста со Калараш е за следните две години. Штом дојде во Скопје, ќе потпише и ќе се приклучи на тренинзите на тимот“, потврдија челниците на Вардар. 

Калараш добро ќе му дојде на Давид Писонеро пред Супер Глоуб, бидејќи заради повреда Вардар не може да смета на Стоилов, Толедо и Атман пред ова натпреварување. 

Уште на стартот на СЕХА лигата Калараш може да се соочи со својот поранешен клуб, бидејќи Вардар и Мотор Запорожје се дел од иста група во СЕХА лигата.