Вардар потврди: Без Кудуз и Ристовски, а со браќата Њокас по први бодови во ЛШ

Веселин Вујовиќ го потврди составот за првиот натпревар на Вардар 1961 во новата сезона на Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ гостуваат кај норвешки Елверум во првото коло, а клубот на социјалните мрежи го сподели и официјалниот состав. 

Во ростерот на Вујо го нема Анте Кудуз кој заработи мала повреда и Едуардо Гурбиндо кој замина од тимот. Сепак, во конкуренција за настап се браќата близнаци Кевин и Оливие Њокас, кои пристигнаа од Металург

  • Составот на Вардар 1961 за дуелот во Норвешка:

Голмани: Мартин Томовски, Али Сафар.
Бекови: Кевин и Оливие Њокас, Моралес, Бакари Диало, Анте Гаџа, Филип Талески, Марко Мишевски
Кружни напаѓачи: Стојанче Стоилов, Патрик Валчак, Жереми Тото.
Крила: Гоце Георгиевски, Дарко Ѓукиќ, Тимур Дибиров, Јан Чувара. 

Пресметката во Елверум ќе се одигра денес со почеток во 18:45 часот. По ова гостување, покрај дуелите во Суперлигата на Македонија, Вардар на домашен терен до крајот на септември ќе игра против Мешков Брест и Алборг во елитното натпреварување.