• Зоран Мишевски
Иако посторја големи шанси, пиедесталот на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ нема да биде целосно македонски. Вардар 1961 го загуби натпреварот за третото место против Нексе Нашице со 28-26(16-15) и заврши на четвртото место.
Првиот дел целосно мина во израмнет тон и само благодарение на гол во последните секунди хрватскиот вицешампион со предност замина на одмор. Со ротациите во продолжението темпото и квалитетот опасна, а Радовановиќ со неколку одбранети зицери и седмерец го најави триумфот на Нексе. Хрватите водеа со 23-21, вардарци имаа напад за реми, но погрешија и на крајот беа казнети. Без драма момците на Иванковиќ го добија натпреварот со 28-26.
Барбиќ со шест гола беше најдобар кај Нексе, а Марчињак постигна четири гола и заврши како најефикасен кај Вардар 1961.
Петтопласиран е Партизан. шести е Тримо Требње, а седми Динако Панчево. Последното место на петдневното натпреварување го зазеде Киндил Торшавн од Фарски Острови. Финалниот натпревар вечерва ќе го одиграат Еурофарм Пелистер и Охрид.



