„Вардар оваа сезона беше врвен, заслужено е првак!“

Македонскиот првак Вардар доби честитки од целиот регион за освоената титула во СЕХА-лигата, а истите не изостанаа и од тренерот на ППД Загреб, Златко Сарачевиќ.

По дуелот и финалето во СЦ „Јане Сандански“, тренерот на хрватскиот првак истакна дека Вардар е заслужено првак затоа што оваа сезона игра врвен ракомет и воедно во регионалното натпреварување нема ниеден пораз.

„Би сакал да му честитам на Вардар за заслужената титула. Беа најдобри во СЕХА-лигата оваа сезона. Завршија без пораз. Мислам дека беа врвни. Победи подобриот, но јас сум горд на моите момци на играта што ја прикажаа. Игравме колку што можевме, на спротивната страна имавме подобар противник и тоа е тоа“, изјави Сарачевиќ.

Збор на прес-конференцијата имаше и Лука Мраковчиќ и им ја честита победата на вардарци.

„Мислам дека мечот беше доста занимлив. Се боревме, ни недостасуваа само два гола и две одбрани мечот да оди во наша страна. Генерално, може да бидеме задоволни од нашата игра на овој Ф4 турнир. Беше добро да се игра во Скопје“, изјави Мраковчиќ.

Покрај Вардар и ППД Загреб, учество на Ф4-турнирот зедоа и Целје и Мешков Брест.