Вардар неприкосновен на вечната листа, Мешков Брест најголем СЕХА-губитник

Gol.mk на SEHA Final 4

Четири екипи имаат максимални осум учества во СЕХА лигата: македонскиот претставник Вардар, хрватските клубови Нексе Нашице и ППД Загреб и словачкиот Татран Прешов.

Вардар со четири титули е најуспешна екипа во регионалното натпреварување, па следуваат Веспрем со две и ППД Загреб со една титула.

Сите финалиња на СЕХА лигата:
2011/12 – Вардар – Металург 21-18
2012/13 – Загреб – Вардар 25-24
2013/14 – Вардар – Мешков Брест 29-27
2014/15 – Веспрем – Мешков Брест 32-21
2015/16 – Веспрем – Вардар 28-26
2016/17 – Вардар – Веспрем 26-21
2017/18 – Вардар – ППД Загреб 26-24

Скопје и Брест се единствени екипи со по две организации на Ф4 турнири, а нашата земја покрај Металург и Вардар, една сезона ја претставуваше Макс Струмица

  • Како се подготвува „Викторија Арена“ за СЕХА „фајнал-фор“: